Филм & ТВ

Нова адаптација: Прв поглед во „Little Women“ со Сајорас Ронан како Џо

14. август 2019 - 14:14 | Б.С.Б.

Објавен е првиот трејлер за новата филмска адаптација на класикот „Little Women“ на авторката Лујза Меј Алкот од 1868 година.

Во главните улоги се појавуваат Сајорас Ронан како Џо, Ема Вотсон како Мег, Елиза Скенлен како Бет, Лора Дерн како Марми, Мерил Стрип како тетка Марч. Филмот е во режија на Грета Гервик.

Станува збор за книга која има доживеано шест филмски адаптации, а исто така досега била инспирација за претстави и опери. Во неа се обработуваат различни тематики како љубовта, ривалството и што значи да се биде млада жена која сама се пробива во светот.

Премиерата е закажана за декември.