Времеплов: 150 години од Стоунхеџ
Минатата година English Heritage ја замоли јавноста за споделување лични фотографии направени на праисторискиот споменик. На повикот пристигнаа повеќе од 1.000 фотографии, пренесува Guardian.
„Фотографиите се фасцинантен поглед во еволуцијата на фотографирањето, позирањето, модата, како и самиот Стоунхеџ“, вели Сузан Грини, историчар од English Heritage.
Некои од фотографиите се длабоко интимни спомени, како на пример девојката фотографирана со нејзиниот 20-годишен брат во воена униформа. За жал, тоа е нивната последна заедничка фотографија, додава Сузан.
Фотографиите покажуваат како луѓето во минатото и денес го доживуваат споменикот и каква улога има во нивните спомени. Станува збор и за голем број стари фотографии, а една од најстарите фотографии е направена во 1890 година.