Предлог казна од 2.500 евра за скопјанец кој од самоизолација излегол во маркет

Основното јавно обвинителство Скопје до скопскиот Основен кривичен суд поднесе предлог за издавање казна во висина од 2.500 евра за едно лице од Скопје кое ја прекршило задолжителната самоизолација.

– Обвинетото лице, на 17 март, при влез на граничниот премин Табановце, потпишал изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена, бидејќи претходно престојувал во Словенија како ризична земја за ширење на заразната болест COVID-19. Но, тој не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на болеста, па на 25 март излегол од својот дом и бил во маркет, стои во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител му предложил на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 25 евра во денарска противвредност. Тој е обвинет за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

За кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе и Барање за поведување подготвителна постапка за двајца малолетници, на возраст од 15 и 14 години.

Тие на 30 март, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија,  биле затекнати како се движат во близина на Железничката станица во Скопје за време на полицискиот час.​ 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Хроника

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more

Малолетник избоден на Бит-пазар, напаѓачите му барале пари

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе