Авто новости

Нирбургринг не простува – патеката на дожд не е за аматери

3. декември 2019 - 12:38 | А.С.

Нирбургринг е собирно место за љубителите на брзо возење кои сакаат да го почувствуваат „вкусот“ на тркачката патека.

Отворена е за сите – секој може да дојде со сопствен автомбил и да направи круг на „Зелениот пекол“, но многумина забораваат дека тука не важат законите на физиката како на обичните патишта.

Нирбургринг, како и секоја тркачка патека, е тешка за возење, особено во услови на дожд, односно кога стазата е влажна.

Во вакви услови дури и најискусните возачи може да се соочат со проблеми и секоја грешка скапо се плаќа.

Не се препорачува за аматери, особено ако не сте во можност да ја покриете материјалната штета потоа.