Неверојатниот Дончиќ му даде 42 поена на Феникс и влезе во легендите

Младиот Словенец Лука Дончиќ запиша дури 42 поена збогатени со 11 асистенции и 9 скокови во победата на Далас Маверикс на гости кај Феникс Санс.

Дончиќ имаше неверојатен ноември во просек постигнувајќи по 32,4 поени, 10,3 скокови и 10,4 асистенции по натпревар. Во историјата на НБА само уште на Расел Вестбрук и Оскар Робертсон им успеало да запишат трипл-дабл со над 30 поени месечно.

Словенецот уште на 20 годи стана легенда на НБА.