Здравје

Недостаток на кислород е главна причина за заболувања од рак

1. ноември 2019 - 17:24 | М.С.

Различни истражувања покажаа дека недостатокот на кислород во организмот е најчеста причина за многу заболувања, чувство на умор и недостаток на концентрација.

Кислородот е важен за секоја ќелија во нашето тело. Без него, ниту една ќелија не може да создава енергија, а метаболизмот е помалку ефективен. Поради недостаток на кислород во мускулите се создава млечна киселина која предизвикува грчеви и ја намалува ефикасноста на нивната работа.

Најчестите симптоми се умор, чувство на слабост, болки во мускулите, забрзано чукање на срцето, недоволна концентрација, бледило и вртоглавица. Повеќето од наведените симтоми се поврзани со хронични инфекции, срцеви заболувања, болести на дишните патишта и депресија.

Во далечната 1931 година, научникот Ото Хајнрих Варбург откри дека ракот е резултат на анти-физиолошки начин на живот. Што значи ова?

Анти-физиолошкиот начин на исхрана, претежно со нездрава храна(која го „закиселува“ организмот) и физичката неактивност, во телото создава кисела средина која е недоволно снабдена со кислород. Докторот Ото, за ова истражување доби Нобелова награда.

Кон кои совети да се придржувате:

1.Поминувајте време во природа и редовни прошетки.

2. Отворајте прозорец преку ден.

3. Подобрете ја техниката на дишење.

4.Со вежбањето и физичката активност ја подобрувате работата на срцето.

5. Консумирајте храна богата со антиоксиданти.

Чувајте го вашето здравје во овој период од годината кога воздухот е најзагаден и искористете го секој слободен момент за прошетки во планина или во парк.