Не го бива за голман, ама ја освои Дилета Леота

Лорис Кариус е новиот дечко на атрактивната италијанска спортска новинарка Дилета Леота.

Најпознатата спортска новинарска во светот долго беше во центарот на вниманието на италијанските медиуми поради наводната афера со Златан Ибрахимовиќ и тоа додека беше во врска со турскиот актер Џан Јаман, а откако неколку месеци владееше тишина кога е во прашање нејзиниот љубовен живот - пристигна нова вест која ја „потресе“ Чизмата.

Италијанскиот таблоид Gente тврди дека згодната Дилета Леота е во врска со голманот Лорис Кариус, познат по своите бројни киксови.

Станува збор за голманот кој сите го паметат по финалето од Лигата на шампионите во 2018 година. Тогаш како голман на Ливерпул практично му ја подари победата на Реал Мадрид, а оттогаш неговата кариера тргна само надолу.

Истото лето Јирген Клоп одлучи да го донесе Алисон Бекер, додека Кариус прво замина на двегодишна позјамица во Бешикташ, па во Унион Берлин, за потоа да му го раскинат договорот. Од септември Кариус е член на Њукасл со кој потпиша краткорочен договор, а за тоа време успеа и да ја „смува“ една од најубавите жени во фудбалскиот свет.

„Во моментов, се чини дека водителката ги забрзува студиите за да го подобри англискиот јазик. Работата го бара тоа и има потреба од едноставно професионално напредување. Но, сега, во светлината на гласините, се прашуваме: дали можеби зад јазично збогатување се крие и желба да ги прошири границите на нејзиното срце“, пишува италијанскиот таблоид Gente и наведува дека тие двајца веќе некое време се следат на Instagram, што наводно резултирало со повеќе од само пријателство.

Претходно Дилета се поврзуваше и со синот на претседателот на Рома, се зборуваше за авантура со сурферот Џакомо Кавали, додека времето ќе покаже што се случува помеѓу неа и непрославениот голман.

Кога сме кај Германецот, и самиот доживеа голема трансформации кога е во прашање физичкиот изглед бидејќи периодот после катастрофата во тоа финале од Лигата на шампиони го искористи негативната енергија да ја потроши во теретана. Воедно, често на социјалните мрежи се фали со фотки без маица.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LORIS KARIUS (@loriskarius)

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе