Не е лесно да се биде мајка во светот на животните

Мајка си е мајка, без разлика на сè мајчината љубов е најчиста и најсилна. Тоа важи како универзално правило, за луѓето и за животните. Не е лесно да си мајка, дури и во суровиот свет на животините каде животот на младенчето најчесто зависи од грижата на мајката.

Од сите копнени животни, слоновите раѓаат најголеми бебиња, малото новородено слонче тежи над 100 килограми, а мајката го раѓа по 22 месеци бременост. Поврзаноста меѓу мајката и младенчето е една од најсилните врски во природата. Така на пример, контактот меѓу мајката орангутан и нејзиното младенче во првите четири месеци е непрекинат. Особено женските младенчиња остануваат многу приврзани за мајките дури и кога се повозрасни.

Мечките се познати како заштитнички мајки. Нивните младенчиња се раѓаат слепи, без крзно и се многу ранливи, особено кога мајката е во хибернација. Младенчињата остануваа во дувлото близу до мајката и кога хибернацијата ќе заврши тие се големи, со крзно и полни со енергија.