Не е фотомонтажа: Ова е првиот концепт за BMW пикап

Ова не е фотомонтажа, не е мокап, не е рендер. Ова е вистинско возило што го направија практиканти на BMW Group за компанијата Motorrad Days во Минхен.

BMW пикапот за кој многу автомобилски ентузијасти сонуваат е направен на основа на X7, а покрај прилично удобната кабина има и бункер обложен со дрво. Концепт моделот е за 10 сантиметри подолг од основниот модел, но е 200 килограми полесен. Во основата го има xDrive40i со 340 коњски сили.

Сепак, ова беше само работна задача на практикантите и не се очекува во скоро време BMW да почне со сериско производство на пикапот. Погледнете го фасцинантниот концепт од сите агли.