НБ: Продолжуваат да растат депозитите и кредитите

Скопје, 21 септември 2019 (МИА) – Депозитите и кредитите на годишна основа продолжуваат да растат. Податоците на Народната банка покажуваат дека кај депозитите растот е 10 отсто, а на кредитите 6,4 отсто.

Кај вкупните депозити растот се должи главно на зголемување кај корпоративниот сектор, иако зголемување има и кај двата сектора и кај фирмите и кај домаќинствата.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор остварија месечен раст од 4,4 отсто, главно поради зголемувањето на депозитните пари и депозитите во странска валута, во услови на пад кај краткорочните депозити во денари. Споредено на годишна основа, депозитите се зголемени за 10,1 отсто, во најголем дел поради зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при евидентиран пад кај краткорочните депозити во денари.

Вкупните депозити на домаќинствата во август бележат месечен раст од 0,4 отсто, како резултат на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити. Стапката на годишен раст кај овие депозити во август изнесува 9,1 отсто, а е резултат на растот кај сите компоненти, со поизразено учество на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Кај вкупните кредити овој месец е остварен месечен пад од 0,2 отсто, што целосно се должи на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. На годишна основа продолжил растот, што изнесува 6,4 отсто и главно е резултат на кредитирањето на секторот „домаќинствa“. Од Народната банка наведуваат дека доколку се исклучи ефектот на извршените отписи на сомнителни и спорни побарувања под влијание на регулаторните промени, годишниот кредитен раст изнесува 7,8 отсто.

Во август кредитите на корпоративниот сектор се намалиле на месечна основа за 1 отсто, додека на годишно ниво кредитирањето на корпоративниот сектор бележи пораст за 3,4 отсто. Промените на месечна и годишна основа во најголем дел произлегуваат од кредитирањето во денари. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, во согласност со одлуката на Народната банка, кредитите на корпоративниот сектор во август бележат раст од 5,6 отсто на годишно ниво.

Кај вкупните кредити на домаќинствата забележан е месечен и годишен раст од 0,6 отсто, односно 9,4 отсто. Според валутната структура, најголемо учество во месечниот раст имаат кредитите одобрени во странска валута, додека годишниот раст во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Според намената на одобрените кредити на физичките лица, во август кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,7 отсто и 0,6 отсто, додека годишниот раст е еднаков кај двете категории и изнесува 12,4 отсто. Кај автомобилските кредити има месечен пад од 1,1 отсто, додека на годишно ниво се зголемени за 5,8 отсто. Кај негативните салда на тековните сметки е евидентирано месечно и годишно зголемување од 1,2 отсто и 2,4 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи остварија месечен и годишен пад од 0,6 отсто и 8,6 отсто.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе