Здравје

Науката потврди уште една нееднаквост меѓу богатите и сиромашните

3. декември 2019 - 15:09 | Б.С.Б.

Нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните не е само во парите. Во статија објавена во Plos Biology се наведува дека живеалиштето на микробите, познато како микрофлора, не е еднакво, односно во текстот се додава дека пристапот до здрави микроби е поврзан со социјалните и економските нееднаквости.

Тим научници предводен од Сузан Ишек, доцент на Универзитетот во Мејн и експерт за животински микробиоми, опишува примери на чувствителноста на човечките микробиоми во разлики при здравствената заштита, исхраната и безбедните еколошки стандарди.

„Исхраната и вашиот животен стил можат да имаат драматично влијание на микробите во цревата“, вели Ишак. „Ако немате пристап до квалитетна исхрана можеби ќе ги трпите последиците од тоа да немате корисни микроби“, додава таа.

„Празнини“ од здрави микроби можат да се појават и пред некој да биде роден, бидејќи некои од најважните микроби се наследуваат во матката и на нив влијае мајчиниот пристап до здрава храна како и нивото на стрес кој може да се зголеми поради економските нееднаквости.

Достапноста на породилно отсуство или социјалната поддршка исто така влијае на количината време кое новите мајки можат да го посветат на доењето на бебињата, што е критичен фактор во воспоставување на здрави микроби.

Според истражувањето, оние кои имаат пристап до поквалитетна исхрана ќе имаат подобри резултати на физичко и ментално здравје за разлика од оние кои немаат, а тоа се одразува на микробното ниво во цревата.

На микробите влијае и местото во кое живееме и работиме, близината на зелени површина, загадувањето и слично.