Научно докажано: Дали стресот навистина дебелее, а плачењето помага за слабеење?

Просечниот човек исплакува околу 65 литри солзи во текот на животот, велат научниците. Сепак, се чини дека луѓето повеќе сакаат да ги потиснуваат емоциите, а понекогаш дури и се срамат од нив.

Но, што ако ви кажеме дека емоционалното плачење може да ви помогне да не се дебелеете? Можеби овој научен факт ќе ви помогне да „попуштите“ и да се предадете на оваа природна човекова состојба и да си се исплачете како луѓе.

Еве што имаат да кажат научниците на оваа тема.

Некои од вас можеби нема да поверуваат дека може да се слабее ако го попуштите емоционалнит вентил. Голем дел од нас се нашле во тој магепсан круг: раскинувате, се нервирате, јадете повеќе, па по некое време сфаќате дека омилените фармерки ви се тесни. Како да поверуваме дека скршеното срце може да придонесе за слабеење?

Но, сѐ зависи од тоа кое е нивото на кортизол во вашиот организам. Се чини дека не сме ја сфатиле поентата до крај. Точно е дека кортизолот, хормон што се ослободува во телото како реакција стрес, се поврзува со дебелеење. Голем дел од нас знаат дека овој хормон ни помага да се справиме со стресни ситуации. Проблемот е што луѓето денес не мора физички да се борат за опстанок, туку седат и дозволуваат тој гнев и фрустрација да „чмаат“ во нив. Како резултат на тоа, нашето тело мисли дека сме потрошиле калории за да се справиме со стресот и дека треба да ги надоместиме, дури и кога не сме ги потрошиле.

Во меѓувреме, научниците открија дека солзите исплачени од емоции содржат хормони кои го зголемуваат нивото на кортизол. Тоа се хормоните пролактин, леуцин енкефалин и адренокортикотропин, кои се лачат во телото кога сме под стрес.

Така, кога не ги потиснуваме нашите емоции и физички плачеме, овие хормони се ослободуваат и нивото на кортизол во телото се намалува. Како резултат на тоа, телото добива сигнал дека не мора да ги „чува“ масните наслаги бидејќи стресната ситуација поминала.

Сега сигурно сфаќате дека оној магепсан круг е магепсан само бидејќи не знаеме како да си го намалиме нивото на кортизол. И токму затоа ги потиснуваме чувствата со храна и се дебелееме.

Благодарение на науката, дознаваме дека тајната на слабеењето лежи во стресните ситуации, како случајот на скршено срце. Сѐ се сведува на тоа каде се хормоните на стрес – во нас или надвор од нас.

Предупредување: Без мамење!

Ако сте добри „драма кралици“ и можете да се расплачете од инает, треба да знаете дека тоа не помага. Само солзите предизвикани од вистински емоции ќе ги содржат неопходните хормони.

Научниците исто така додаваат дека најдобро време да си се исплачете е од 19 до 22 часот.

Затоа, кога ќе ви дојде да си поплачете, пуштете си ја душичката и убаво исплачете се. Ќе се смирите, ќе ви биде полесно и ќе ги ослободите оние хормони за кои зборувавме.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе