Научните балони во стратосферата регистрираат мистериозни звуци

По полетувањето на првиот сончев балон во стратосферата пред седум години, научниците открија дека тој регистрира звуци кои не можат да се споредат со било што друго досега регистрирано.

Кога научниците прв пат пред седум години во стратосферата испратиле сончеви балони за да лебдат и да ги регистрираат сите промени и случувања во неа, не ни помислувале што сѐ можат да откријат. Со тек на време, покрај бројните собрани информации, почнале да фаќаат и нечујни нискофреквентни сигнали кои до ден денес остануваат неидентификувани.

„Знаеме да ги препознаеме звуците од експлозии, пад на метеори, авиони, грмотевици и градови. Но, речиси секој пат кога горе испраќаме балони наидуваме на звуци што не можеме да ги идентификуваме“, открива Дениел Боумен од Националниот институт Сандија во Ново Мексико, САД.

Што балоните откриле таму горе високо?

Како што веќе споменавме, се работи за сончеви балони што можат да останат во стратосферата неколку часа. Во текот на сите овие години, 50 од нив собирале податоци од слојот помеѓу мезосферата и тропосферата, на надморска височина од 10 до 55 километри.

Првото нешто што научниците го заклучиле е дека стратосферата звучи сосема поинаку од она што имаме можност да го слушнеме на површината на нашата планета, бидејќи балоните биле над ветровите и снимиле турбуленции од други различни делови на атмосферата и инфразвучни сигнали што потекнуваат од морските бури. Но, и еден куп од нив за кои научниците не можеле да го утврдат потеклото.

„Овие мистериозни сигнали би можеле да бидат поврзани со типови на атмосферски турбуленции што никогаш претходно не биле снимени. Но, треба да се забележи дека досега многу ретко сме истражувале звуци во стратосферата, па затоа е тешко да се извлечат дефинитивни заклучоци“, вели Боумен.

Исто така додава и дека такви проекти постоеле и порано, но дека тоа биле главно тајни обиди на американската војска да открие инфразвучни сигнали за време на тестирањето на нуклеарното оружје на СССР. Поради сето ова, се појавија теории на заговор поврзани со вонземјани и НЛО објекти.

Сепак, научниците тврдат дека нема цврсти факти што укажуваат на тоа дека некој од друга галаксија испраќа сигнали, како и дека постојат уште многу работи што не ги знаеме за нашата планета и природните појави што можеби влијаат на создавањето на овие мистериозни звуци.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе