НАСА: Озонската дупка намалена до минимално ниво

Озонската дупка над Јужниот Пол се намали до рекордно ниво откако е откриена во 80-тите години, соопшти НАСА.

Националната аеронаутичка и вселенска агенција соопшти дека моментално, просечната големина на дупката во заштитниот озонски слој на Земјата изнесува 9,3 милиони квадратни километри. При крајот на септември и почетокот на октомври таа обично се зголемува до 20,7 милиони квадратни километри.

-Многу добра вест. Тоа значи дека земјината полутопка е покриена со многу поголеми количини на озон, изјави Пол Њуман, научник во НАСА.

Озонот во атмосферата е суштински за животот на планетата – го запира штетното ултравиолетово зрачење од Сонцето кое може да предизвика рак на кожата, катаракта, намален имунитет и е штетено за растенијата.

Научниците од НАСА сметаат дека намалената озонска дупка најверојатно не е резултат на започнатите напори на човештвото да се намалат издувните гасови, туку поради промената на временските прилики.

-Треба да разбереме дека ситуацијата што годинава ја набљудуваме е условена со затоплување на стратосферата, изјави Њуман, додавајќи дека „тоа не значи оти нивото на озонот во атмосферата ненадејно започнал брзо да се обновува“.

Хлорот во атмосферата се претвора во супстанца трошејќи го озонот, и за тоа се потребни ниски температури во стратосферата и облаците, прецизира Њуман. 

Годинава, температурите во атмосферата беа многу повисоки од просечните.

Вештачките соединанија на хлор, кои во атмоссферата можат да се задржат и до 100 години, се штетни за озонскиот слој и создаваат дупки. Овој ефект е најизразен над Антарктикот „поради карактеристичните атмосферски и хемиски услови што постојат таму и никаде на друго место“, соопштуваат од Националниот департмент за океански и атмосферски истражувања.

Нивото на озонот над Антарктикот треба да се обнови до нивото од 1980 година речиси најдоцна до 2070 година, сметаат научниците. Дупката е со максимална големина во периодот септември-октомври, а потоа исчезнува при крајот на декември. 

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе