Направи сам: Креативни саксии од пластични шишиња

Ако сакате цвеќиња, сигурно посветувате внимание и на саксиите во кои ги чувате омилените растенија. На пазарот може да најдете бројни креативни саксии за цвеќе што ќе му дадат посебна убавина на просторот, а може и да направите сами од разни предмети во домот.

Овојпат се фокусираме на креирање на интересни саксии од најобични пластични шишиња што секојдневно ги користиме. За ваша инспирација и мотивација подготвивме галерија со креативни идеи за вакви саксии, што може да ги направите сами.