Најубавите жени на светот пред објективот на Линдберг

Модниот свет вчера го потресе веста за смртта на легендарниот фотограф Питер Линдберг, познат по неговите филмски модни фотографии кои биле објавувани во списанија и книги ширум светот.

Драматичниот фотографски стил на Линдберг кој најчесто фотографираше во црно-бела техника, му донесе слава и почитување во неговата фела и пошироко. Се смета дека тој е човекот кој ги создаде супермоделите на 90-тите откако славно ги спои во една фотографија Линда Евангелиста, Наоми Кембел, Татјана Патиц, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон за насловната на британски Vogue во јануари, 1990 година.

Ова се неговите најдобри фотографии на најубавите жени во светот, направени низ неговата долгогодишна кариера.