Стил

Најубавата жена во светот прекрасна и без шминка

4. октомври 2019 - 14:12 | Б.С.Б.

Магазинот People неодамна ја прогласи актерката Џенифер Гарнер за најубава жена во 2019 година.

Актерката сега ја потврди титулата кога во јавноста се појави без грам шминка. 47- годишната Џенифер привлекува внимание каде и да се појави. Овој пат е фатена од папараците како се шета во Лос Анџелес, без шминка, во лежерен изглед.

Не е прв пат актерката да биде фотографирана без шминка, нејзина фотографија на која е без шминка ја красеше насловната страница на People кога беше прогласена за најубава жена во светот.