Најтенката зграда во светот е изградена од инает на братот
Со инает не може да се постигне ништо позитивно, а доказ за тоа е најтенката зграда во Бејрут, главниот град на Либан.
Според приказните на мештаните, оваа зграда „изникнала“ во 50-те од минатиот век, кога при распределбата на имот, едниот брат се налутил зошто другиот добил поголем имот од него, па за инает изградил зграда до неговата, за да му го попречи погледот кон морето.
Оваа зграда се наоѓа во Бејрут и е вистинска атракција за туристите, но и за локалните жители. Ова е најверојатно најтенката зграда која е широка само 60 сантиметри, а долга 4 метри.