Доколку размислувате да го смените изгледот, имаме одлична идеја за вас.
„Blonde Espresso“ е тренд боја за оваа есен и вистинскиот избор за русокосите и бринетите.
Станува збор за боја на коса која потсетува на еспресо со млеко и е комбинација од светло кафеави и прамени во мед боја.
Познатиот фризер од Лондон, Џек Ховард, оваа боја на коса ја споредува со техниката „балајаж“, истакнувајќи дека од вашиот вкус зависи како ќе ја нијансирате косата.
Поради тоа оваа боја на коса е одлична за русокоси кои сакаат да ја потемнат бојата на коса и за бринетите кои оваа есен сакаат посветли нијанси.
Во секој случај, фризерот препорачува светлите прамени да бидат околу лицето, затоа што така ќе изгледате помладо.