Стил

Најдобрите дестинации за патување во септември

14. август 2019 - 15:26 | М.С.

Одморот во септември во последно време е сè повеќе актуелен поради евтините аранжмани и намалениот метеж. Погледнете ги атрактивните дестинации кои ги предложува сајтот traveltriangle.com.

На прво место е Барселона, со објаснување дека септември е идеално време да го посетите овој град затоа што сè уште е топло, но на плажите нема туристи како во екот на сезоната. Со останатите многубројни атракции, Барселона е идеална дестинација за крај на летото.

Секако дека тука е и Минхен, затоа што Oktoberfest почнува на 21. Септември.  Освен тоа, Минхен има многу друго што да понуди.

Ако по природа сте авантурист, дефинитивно посетете го Мароко.

Доколку не сте имале шанса да заминете во Хрватска, септември е идеалниот период за да ги посетите Плитвичките езера.

Ако патувате со ограничен буџет, тогаш посетете го прекрасниот Рилскиот манастир во Бугарија.

Исто така, не заборавајте го Медитеранот. Грчките острови со тиркизно море се совршена прилика за одмор.