Најбрзата куќичка на тркала во светот

Идејата за подвижен дом е секогаш примамлива особено за оние кои сакаат да кампуваат.

Британец е сопственик на најбрзата куќичка на тркала во светот. Станува збор за дрвена куќичка поставена на основа на Passat од 1999 година, со моќен погон од Audi RS4. Со 4.2 V8 мотор од 450 коњски сили и Quattro погон, оваа куќичка лесно стана најбрзата од овој вид.

Тоа што е интересно е и хидрауликата, кога куќичката ќе се стационира лесно се спушта и скоро е невозможно да се разликува од статичен објект.