Американскиот пејач Мајкл Џексон петта година по ред го зазема првото место на листата на покојни ѕвезди со најголеми приходи, која ја објавува магазинот Форбс.
Пејачот кој почина пред осум години, заработил 75 милиони долари за една година, објавено е на сајтот на магазинот.
Тој веќе петта година по ред се наоѓа на првото место на таа листа од 13 имиња која ја составува Форбс.
Неговата посмртна империја и понатаму е силна, вклучувајќи го, меѓу другото и објавувањето на албумот „Scream“.
Втор на листата е голф играчот Арнолд Палмер, кој почина во септември минатата година, а неговата заработка изнесувала 40 милиони долари, благодарение на тоа што повеќе од 400 продавници и понатаму продаваат облека со негово име.
На третото место е карикатуристот Чарлс Шулц, кој се прослави со серијата стрипови „Чарли Браун“, а годишниот приход кој го донел неговото име инесува 38 милиони долари.
Четврти на листата е славниот крал на рокенролот Елвис Прлисли со приход од 35 милиони, кои се остварени благодарение на забавниот комплекс со негово име во Мемфис и неодамна отворениот хотел.
Петото место му припадна на реге легендата Боб Марли, а неговиот годишен приход изнесувал 23 милиони долари.