На Ковачевски не му е незгодно што побарал апанажа од 2.500 евра месечно

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој беше во посета на компанијата Киел Македонија ДООЕЛ Желино, на прашањето дали не му е незгодно што ја побарал апанажата, кажа дека се е според закон.

„Јас бев претседател на Владата во исклучително тешко време, својата функција ја обавував согласно законот на РСМ, согласно законот за Влада и согласно законот за избори поднесов оставка. Сите одлуки коишто се носени после тоа во однос на примањата на функционери кои извршувале такви функции се направени согласно законот. Сметам дека сите треба да ги почитуваат законите и токму како резултат на законите коишто се почитуваат имаме зголемување на просечната и минималната плата во односн на 2016 и 2017 година. Тоа не се коментира, тоа е законско решение“, рече Ковачевски.

На забелешката дека апанажата ако не се побара, нема да се добие, тој кажа дека нема свои компании, иако бил обвинуван дека има.

„Јас бев обвинуван дека сум имал свои компании, тоа опозицијата постојано го истакнуваше, но се потврди, дека јас немам свои компании, а тоа било лага“, кажа Ковачевски.

„Мандатот на претседател на Влада и на членови на Влада завршува на сто дена пред избори, што значи било кој министер и претседател на Влада, согласно законот е поднесена оставката, таа е заради исполнување на законската обврска мандатот на престане на 100 дена од одржување на изборите. Со тоа завршува мандатот, било кој да бил претседател на владата, неговиот мандат завршува на сто дена пред избори“, објасни Ковачевски.

Според него треба да следува апанажа, за да може да се искористи одреден временски период да се направи трансфер во кариерата.

„Доколку некој извршувал општествена функција треба да следува апанажа да може да искористи одреден временски период својата кариера да ја насочи кон некоја друга. Не би сакал да давам популистички изјави дека нешто не треба да се прави, затоа што таа се прави за многу избрани и именувани функционери. Има луѓе што седат четири години во Парламент и после тоа ако не се веќе дел од Парламентот треба да направат трансферн на својата кариера во некоја друга област“, одговори Ковачевски.

Комисијата за избори и именување во Собранието вчера ги прифати барањата на Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, да добиваат апанажа во период од една година. Тоа значи дека двајцата во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по 2.500 евра месечно. Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, во согласност со Законот за возила.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Македонија

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more
 

Вести

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе