До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одзивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одзивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видеоповик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи Facebook и Twitter и каналот на YouTube.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезеноста на гласачите, вкупна и по општини.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.