Скопје, 18 октомври 2019 (МИА) – Историскиот прв натпревар помеѓу првиот и вториот тим на МЗТ Скопје заврши со победа на шампионот со 108:77. МЗТ Скопје Аеродром го победи МЗТ Скопје Уни банка во првиот дуел од второто коло во Првата кошаркарска лига на Македонија.
Ова е првпат за прволигашки меч во машка конкуренција, еден против друг да се сретнат два тима од ист клуб.
Андреј Маслинко со 27 поени и 15 скока беше најкорисен поединец, а тренерот Кочов ги одмораше Стојановски, Симоновски, Омот и Хиндс.
Останатите мечеви од второто коло се играат викендов, а двојките се: Вардар – Кожув, Еуро Никел – Пелистер, Академија ФМП – Куманово и Работнички – Гостивар.