Му даде бодичек, а потоа и го истепа

Гарнет Хатавеј е нов играч кај Вашингтон Капиталс па веднаш мора да се докаже. На подготвителниот натпревар со Каролина Хјурикејнс му даде ефектеб бодичек на Роланд МекКион по што овој го предизвика на тепачка.

Ваквите пресметки се дозволени во хокејот и се спектакл за публиката. Хатавеј на крај излезе како победник.