Наука и технологија

Motorola: Новиот смартфон One Action со GoPro камера

19. август 2019 - 9:49 | М.С.

One Action е обидот на Motorola да ја спакува камерата GoPro во смартфон.

Mинатата година, Motorola претстави семејство на евтини смартфони под име One, а сега се појави и новиот модел Motorola One Action.

One Action се издвојува од останатите затоа што нуди квалитет на видеата каков што имаат GoPro камерите. Зборот Action се однесува на третата камера, ултрашироката камера која снима под агол од 117 степени, исто како GoPro.

Motorola разви неколку спецификации за да видеата што ги снима Action се разликуваат од видеата со другите смарфони.

Motorola физички го ротира сензорот што значи дека One Action ќе може да снима хоризонтално иако смартфонот ќе го држите вертикално или обратно. Тоа е мала промена, но сепак е паметно решение за да го искористете максимално уникатниот хардвер.

Што се однесува на останатите спецификации, One Action има 6,3 инчен FHD+ екран со селфи камера од 12 MP, додека позади камерите се 12(широка), 16(ултраширока). Уредот ќе го користи процесорот на Samsung Exynos 9609 процесор, има 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија, USB-C порт а батерија од 3,500 мАh. One Action ќе го користи софтверот Android One.

Ќе чини 259 евра кога ќе се појави во европските продавници од октомври.