Камерата за видеонадзор сними пад на мал авион во САД.
Безбедносната камера забележи пад на мал авион на улицата во градот Феникс во САД, пишува CNN.
Во малиот авион биле пилотот и еден патник, но за среќа и двајцата го преживеале падот односно принудното слетување.
Патникот побарал помош од лекар, но нема сериозни повреди.
„Мило ми е што сум жив“, ијавил пилотот за локалната телевизија ABC15.
Падот на малиот авион се случи во среда наутро, а надлежните органи ги истражуваат можните причини за несреќата.
Видеото го покажува принудното слетување на авионот кон населбата и неговиот удар во асфалтот.
Авионот оштетил неколку автомобили и еден сообраќаен знак.