Модни совети: Ова е идеалното време за облекување во слоеви, искористете го

Првите есенски денови се оној краток, но прекрасен период во годината кога е идеално да носите слоеви и да ги искористите оние парчиња што се создадени за преодните сезони, кои на нашето поднебје траат кратко.

Комбинирајте маичка на прерамки со тенка кошула и мантил, „зачинето“ со тенок ремен или маичка со кратки ракави врз која ќе ставите фустан на прерамки и тексас јакна.

Има бескрајно многу комбинации, а овие примери од светската улична мода нека ви послужат како инспирација за вашиот моден избор овој викенд.

А.С.