Мода меѓу ревии: Што носеа посетителите на Моден викенд Скопје?

Еден од највозбудливите елементи на Моден викенд Скопје секако е модата што се случува меѓу ревии, односно модните избори на посетителите на овој настан.

Со оглед на тоа дека ова издание беше јубилејно, Моден викенд изминативе три дена беше фестивал на стилот и секој ги покажа своите најдобри изданија. Како (не) функционира изборот на аутфит за на Моден викенд зборувавме претходно (Стил и помодарство на Моден викенд Скопје), а сега ги поздравуваме овие одлични стилски изданија.

Сепак, најважно е да се чувствувате убаво и удобно и да стоите зад својот избор, без да чекате валидација од околината. Не може да се допаднете секому, нели?

Фото и текст: Александра Спасеска/КАЈГАНА