Македонскиот репрезентативен напаѓач доби големо признание од шкотската лига каде се најде во најтесниот избор за титулата најдобар играч за тековнава сезона.
Изборот го прави Асоцијацијата на шкотските фудбалски новинари (SFWA), а нашиот Бојан Миовски за оваа награда ќе се бори со голманот Џек Бутланд од Ренџерс, играчот од средниот ред на Селтик, Мет О'Рајли, и капитенот на Хартс, Лоренс Шенкланд.
Миовски сезонава на 33 натпревари во шкотскиот Премиершип постигна 33 голови и запиша 2 асистенции. Три од головите ги постигна од белата точка. На листата на стрелци заврши трет зад Шенкланд со 21 гол и Џејмс Таверние од Ренџерс со 17.
Сезоната во Шкотска заврши, а моментално се играат баражите. Абердин немаше добра сезона бидејќи завршниот дел го играше во плеј-аут групата и на крајот заврши на 8. место. Играше финале на Шкотскиот куп каде на пенали беше поразен од Селтик, со што остана без пласман во Европа наредната сезона.
За Миовски наголемо се шпекулира дека на лето ќе се раздели со тимот од главниот град. Како можни дестинации се споменуваат поголемите шкотски клубови, но и некои од англиската Премиер лига.
Прв пат доделена во сезоната 1964/1965 на легендата на Селтик, Били МекНил, наградата на SFWA стана престижна и негувана награда за играчите во шкотската игра.