Министерката Дескоска во Тирана се сретна со пратеникот Васил Стерјовски

Тирана, 4 октомври 2019 (МИА) – Пратеникот од единствената македонска партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, денеска во Тирана во просториите на законодавниот дом се сретна со министерката за правда Рената Дескоска.

Министерката Дескоска најискрено му го честиташе изборот за пратеник и му посака успех во извршување на пратеничкиот мандат.

- Констатиравме дека заеднички интерес на Република Македонија и Република Албанија е унапредување и продлабочување на соработката на секое поле, подобрување на добрососедските односи и интеграцијата во европските структури. Очекуваме земјите-членки на Европската унија на следниот состанок на Европскиот совет во октомври да гласаат за започнување на преговорите на Република Македонија и Република Албанија со Европската унија, изјави Стерјовски за МИА.

Посочи дека на средбата станало збор и за положбата и правата на македонската заедница во Албанија.

- Од моја страна ја известив министерката за тековните активности во правец на унапредување на положбата на македонската заедница во Албанија. Исто така, изразив голема благодарност за помошта што ја даваше како министер за образование за студентите Македонци од Албанија кои студиира на универзитетите во Република Македонија, додава Стерјовски.

Инаку, министерката Рената Дескоска заедно со министрите за правда од Западен Балкан денеска во Тирана учествуваше на Конференција на високо ниво, насловена „It’s all about Justice”, организирана од страна на Министерството за правда на Албанија во соработка со Советот за регионална соработка, каде имаше и свое обраќање.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе