Хардвер

Mi Watch е првиот паметен часовник на Xiaomi

6. ноември 2019 - 15:32 | М.С.

Компанијата Xiaomi официјално го претстави својот прв паметен часовник.

Првиот smartwatch на Xiaomi е наречен Mi Watch и веќе на прв поглед е јасно дека е сличен на оној на Apple.

Сепак разликата е во цената затоа што чини 185 долари и го користи оперативниот систем на Google Wear.

Сличноста е заоблениот правоаголен екран кој е чувствителен на допир.

Xiaomi соопшти дека часовникот има 1,78 инчен AMOLED екран со густина на пиксели од 3261ppi.

Батеријата од 570 mAh му овозможува да работи 36 часа. Уредот има Qualcomm Snapdragon Wear 3100 процесор, 1 GB RAM и 8 GB интерна меморија, а има Wi-Fi, Bluethooth, NFC поврзаност, сензор за отчукувања на срцето, eSIM и 4G поддршка.

Xiaomi има сопствени апликации за својот часовник, верзии од апликациите Tasks, Recorder и Notes. Часовникот е водоотпорен, така што може да пливате со него.

Исто така има и сопствена продавница за апликации.

Засега, Mi Watch ќе биде достапен само во Кина по цена од 185 долари, а наскоро ќе се појави на пазарот во другите земји.