Фудбал

Меси: Времето лета, ми се ближи пензија

3. декември 2019 - 20:23 | Ф.З.

Како и секој човек и најдобрите фудбалери ги гази времето кое немилосрдно тече. Лео Меси има уште за играње, но е свесен дека неговото време полека одминува.

Гижермо Стабиле. Лусјан Лоран. Ектор Кастро. Џузепе Меаца. Еузебио, Пеле, Лев Јашин, Франц Бекенбауер, Мишел Платини, Јохан Кројф, Диего Марадона, Христо Стоичков, Лотар Матеус, Роналдо, Роналдињо, Хавиер Занети, Франческо Тоти. Времето лета за сите подеднакво.

„Свесен сум колку години имам. Многу уживам во ваквите моменти бидејќи знам дека пензионирањето ми се наближува. Времето лета“, рече Месе по освојувањето на шестата Златна топка.

„Се надевам, со Божја помош, дека ќе продолжам да играм уште многу години. Сега имам 32, а на крајот на сезонава ќе имам 33. Сѐ ќе зависи од тоа како ќе се чувствувам на физички план“.

И со 33 години на Меси му е рано за пензија. Но, прашањето за секој фудбалер кој ќе ја помине триесеттата година е уште колку ќе може да игра на врвно ниво. Бидејќи границата е тука некаде пред четириесеттата, понатаму едноставно не се може, колку и да се има волја.

„Во воментов се чувствувам подобро од било кога на физички и на личен план и се надевам дека ова ќе продолжи подолг период“, заврши Аргентинецот.