Mercedes работи на автомобил кој е „отпорен на судир“

Најголемите автомобилски компании постојано работат на нови технологии кои го прават возачкото искуство подобро, или во случајов, побезбедно. Mercedes-Benz развива нова безбедносна технологија која ќе ги оневозможи судирите на автомобили.

Благодарение на вештачката интелигенција, технологијата која ќе ја има новиот концепт ESV (Experimental Safety Vehicle) константно ќе ја унапредува асистенцијата во текот на возењето.

Директорот за развој во Mercedes, Ола Каленијус, кој од мај ќе стане генерален директор на групацијата Daimler, истакна дека автономијата и софистицираните системи за асистенција ќе го намалат бројот на сообраќајни несреќи, бидејќи најчестата причина за нив е грешка од човечки фактор.

Каленијус додаде дека дел од новата ESV технологија е скоро подготвен за да се најде во сериско производство и дека наскоро може да очекуваме дека ваквиот систем ќе се најде во новите автомобили на Mercedes.

Возилото ќе собира податоци од возењето и ќе ги споделува со централниот сервер за да научи како да обезбеди поквалитетна и побезбедна асистенција за време на возењето. Концептот ќе содржи и технологија за подобра заштита на патниците, со која дури и во случај на потешка несреќа, тие ќе избегнат тешки повреди.

Последниот ESV концепт на Mercedes дебитираше во 2009 година и го користеше тогаш новиот S40 Hybrid како почетна точка со бројни безбедносни технологии.

Во случај на судир, металната конструкција на концептот се ширеше за да овозможи дополнителна заштита, а во случај на страничен удар седиштата се поместуваа кон средината на возилото за да го зголемат просторот за патниците, кои на тој начин би избегнале фатални повреди.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе