Mercedes GLB – практичен и компактен SUV со 7 седишта

Mercedes објави нови фотографии од својот модел со 7 седишта, непосредно пред да почне продажбата на GLB во Европа. Mercedes GLB е најновиот SUV во гамата на германскиот производител што се смести меѓу моделите GLA и GLC.

Една од карактеристиките на ова возило која Mercedes исклучитело ја нагласува е опционалниот трет ред седишта. Со оглед на компактните димензии на возилото, задните две седишта се главно наменети за деца.

Mercedes GLB е поставен на механичка платформа MFA2 со преден погон, а достапна е и верзија 4Matic со погон на сите четири тркала, што дава дополнителна функционалност при возење.

Бензинците имаат 1,3-литарски четирицилиндарски мотор што дава 163 коњски сили. Следен во гамата е дволитарскиот GLB 250 4MATIC со 224 КС, а на врвот на бензинската понуда е GLB 35 4MATIC AMG, со дволитарски мотор што произведува 306 КС.

Оние кои не се откажуваат од дизелот, може да сметаат на дволитарски мотор во воаријанти со 116 КС (GLB 180d), 150 КС (GLB 200d/GLB 200d 4MATIC), како и со 190 КС (GLB 220d 4MATIC).