Продажбата на мемоарите на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, достигна три милиони примероци. Турнејата за промоција на книгата ќе биде продолжена до мај, идната година.
„Becoming“ е објавена пред 4 недели, а веќе е меѓу најдобро продадените политички мемоари на сите времиња. Мишел Обама идната година ќе има 21 промоции, од нив 6 во Европа.
Во книгата таа откри дека пред 20 години имала спонтан абортус и дека двете ќерки добиени со Барак Обама се зачнати со инвитро оплодување. Меѓу останатото, 54-годишната Мишел опишува како заедно се бореле со неплодноста, а дел од книгата е посветен и на почетокот на врската и бракот со Обама.