Мексиканците почнаа да го слават големиот празник Денот на мртвите

Празникот посветен на починатите претци датира уште од пред ерата на Колумбо и денес важи за еден од најголемите празници во Мексико.

Илјадници излегоа низ улиците на целата држава почнувајќи ја големата прослава која почна синоќа и ќе трае до 2 ноември. Со обоени лица, маски и разни костими, луѓето им оддаваат почит на починатите роднини и пријатели. Сепак, празникот не претставува жалење, туку славење на љубовта кон загубените блиски за чии души се верува дека на празникот слават заедно со живите.