Љубов и секс

Машко здравје: Зошто не треба да го одложувате ејакулирањето за време на секс?

11. септември 2019 - 14:51 | А.С.

Внимавајте што посакувате, може да ви се исполни. Кога станува збор за траењето на сексот, тоа важи и за мажите и за жените.

И мажите и жените посакуваат сексот да трае подолго. Маратонскиот секс за многумина е недостижен, но тоа не мора да се постигне по секоја цена.

Околу 5 проценти од мажите редовно го одложуваат првото ејакулирање за време на сексуалниот однос, со цел да трае подолго. Но, ваквата лоша навика има уште полоши последици – на голем дел од нив со тек на време им станува сѐ потешко воопшто да ејакулираат и им треба и до половина час за да постигнат оргазам. Некогаш воопшто не успеваат.

Можеби на прв поглед ви звучи забавно да имате секс подолго време, но неможноста да доживеете оргазам, односно да ејакулирате, може да стане причина за фрустрација и незадоволство.

Најчести причини зошто мажот не може да доживее оргазам

Речиси секој маж се има најдено во ситуација да не може да ејакулира за време на секс или да му треба повеќе време. Но, ако тоа се случува често, тогаш има неколку можни причини.

„Некои мажи потешко постигнуваат оргазам за време на вагинален или орален секс. Понекогаш тоа е поради вообичаените техники на самозадоволување, како на пример стимулација со рака, што дава сосема поинакво чувство од вагинален или орален секс“, објаснува доктор Деби Хербеник.

Таа додава дека покрај тоа, најчести причини зошто мажот не може да доживее климакс се користењето антидепресиви, повреда на грбот, како и т.н. психолошки бариери како страв партнерката да не забремени или обратно, под притисок, кога има секс со намера партнерката да забремени (најчесто кај двојки кои имаат проблем со зачнување).