Марија Калас, најголемата оперска ѕвезда на 20 век

Марија Калас важи за една од најпродаваните изведувачи на класична музика во светот, како и за една од најфасцинантните личности во историјата, поради што ќе остане запаметена како кралица на оперската сцена.

На 2 декември се навршија 96 години од раѓањето на Марија Калас, жената која ќе остане запаметена по фасцинантниот глас и бурниот приватен живот, проследен со скандали.

Многу силно влијание на нејзината кариера имала мајка ѝ Евангелија, за која Марија често велела дека е многу студена и спартански строга личност, без чувство за мајчинство. Кога станува збор за љубовниот живот на Марија, нејзината посветеност на Аристотел Оназис ја чинело кариерата. Познанството со него и љубовната врска буквално ќе ја уништи и како личност и како професионален оперски изведувач и ќе ја направи крајно несреќна жена.