Фудбал

„Македонско дерби“ – вечерва Наполи на Елмас против Џенова на Пандев

9. ноември 2019 - 16:23 | МИА

„Македонското дерби“ помеѓу Наполи на Елиф Елмас и Џенова на Горан Пандев, вечерва од 20:45 часот, е најинтересниот денешен фудбалски натпревар за македонската јавност, и тоа од неколку аспекти.

Пандев од 2011 до 2014 година играше за Наполи и даде 19 гола. За него, дуелите на „Сан Паоло“ секогаш се посебни, и ќе сака да постигне гол, што би бил негов трети на последните четири меча, откако на клупата седна тренерот Мота.

Најавата е дека Пандев ќе биде стартер. Минатиот викенд струмичанецот играше против Илија Несторовски, денеска има дуел со Елмас.

Наполи од 19 октомври нема победа во меч од Серија А, и дуелот со Џенова им доаѓа во вистински момент.

Наполи беше во центарот на вниманието поради непослушноста на играчите кон претседателот на клубот.

Елмас не е меѓу главните штрајкувачи, но вечерва ќе биде на клупата за резерви, освен ако Анчелоти не се премисли во последен момент.