Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик

  • Таблетите ќе ги користат деца од Центрите за поддршка на СОС Детско село

Македонски Телеком, неодамна го најави на пазарот својот нов T Tablet, 5G уред со достапна цена, креиран да и овозможи на пошироката популација пристап до можностите кои ги отвора 5G технологијата. 

Денес, за солидно образование потребни се дигитална писменост и уреди за пристап до сите информации на интернет. Токму затоа, Телеком донираше T Tablet на деца од дваесет семејства во социјален ризик кои ги посетуваат Центрите за поддршка на СОС Детско село.

„Во време кога ја имаме најголемата и најбрза 5G мрежа, треба да размислиме за растечкиот јаз помеѓу оние кои можат и оние кои не можат да си дозволат 5G уреди. Токму тоа беше нашиот мотив за донација на T Tablet на деца кои доаѓаат од семејства во социјален ризик. Технологијата треба да биде достапна за сите, а ние како технолошки лидер имаме обврска да работиме на еднакво дигитално општество“ – изјави Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски Телеком.

Центрите за поддршка се советувалишта при СОС Детско село за родители и малолетни деца во социјален ризик. Преку групни советувања се работи на зајакнување на капацитетите на семејствата и создавање семејства опкружени со љубов, почит и сигурност.

„Еден од главните фокуси во советувањето е вклученоста и редовноста на децата во образовниот процес. А денес тешко може да се замисли образование без интернет. Затоа е многу важна оваа донација на таблети, со која ќе им се овозможи на децата едукативна поддршка и влез во дигиталниот свет“, изјави Силвија Димитрова, СОС Детско село.

Македонски Телеком е посветен на намалување на дигиталниот јаз и обезбедување широк пристап до можностите кои ги отвора 5G технологијата на повеќе полиња, од забава до образование. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Промо

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Read more

Вложениот труд носи сатисфакција

Read more

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more
 

Ново

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе