Македонски концепт: Бујар Османи свесно ја внесува Македонија во српско-косовскиот судир

Партијата Македонски концепт најостро ги осудува, како што велат, низата обиди на т.н. министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, со кои директно и свесно ја внесува Македонија во српско-косовскиот судир, што е дел од руското сценарио за дестабилизација на Балканот и јужното крило на НАТО.

„Бујар Османи повеќе се однесува како министер на Косово или на Русија отколку министер на Македонија, земја членка на НАТО. Со последната изјава дека Србија треба нешто да докажува на Косово, во спротивно Македонија треба да преземе непријателски дејства кон своите соседи, тој дирекно придонесува кон дестабилизација на нашиот регион, особено го помага Косово во очајните обиди за извоз на тероризам и етнички шовинизам кон сите соседи“, се истакнува во реакцијата на партијата по повод говорот на министерот Османи синоќа во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Ова особено од аспект, како што велат, што истиот човек претседава со ОБСЕ, но не во име на ДУИ или на Косово или УЧК, туку во име на Македонија и сите нас македонските граѓани, што дава дополнителна тежина на неговата злоупотреба на службена положба и овластувања, што е кривично дело и за истото треба да одговара пред правосудниот систем на Македонија, не на Косово.

„Проектот Отворен Балкан за нашата партија беше промашена инвестиција уште на почетокот на истиот и навреме реагиравме во таа насока. Но, вмешување на Македонија во странски судири, особено помеѓу нашите соседи, е дирекно работење против мирот и стабилноста и против македонските национални интереси“, велат од Македонски концепт.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе