Мајстор - со падобран влета на фудбалски натпревар

Како да ги избегнете редарите за да влетате на фудбалски натпревар? Едноставно, користете падобран.

Падобранец влета на теренот за време на натпреварот помеѓу Сасуоло и Интер во неделата на пладне. Во тек беше 43-тата минута, резултатот беше 1:2, а Интер се подготвуваше да изведе пенал преку Ромелу Лукаку.

Редарите веднаш се стрчаа и го зграпчија натрапникот, но неговиот маестрален влез веќе беше фатен од камерите и фотоапаратите обезбедувајќи си интернет слава.