ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

ЛШ: Преглед на 4. коло, ден 2 (Видео)

ПСЖ, Баерн и Јувентус се првите екипи кои математички го заверија пласманот во осминафиналето откако во синоќешните натпревари ги остварија потребните победи.

Група А

Парижаните едвај го совладаа Бриж, минимално со само еден гол, но сепак победата вреди три бода. Белгијците пропуштија голема шанса за израмнување бидејќи во 76-тата минута Мбаје Дјањ не реализираше удар од белата точка.

Реал Мадрид го декласираше Галатасарај со 6:0 во натпревар во кој младиот Бразилец Родригу прослави хет-трик. Турскиот тим беше немоќен во нападот без повредениот Радамел Фалкао.

ПСЖ - Бриж 1:0
22' Мауро Икарди

Реал Мадрид - Галатасарај 6:0
4', 7', 90'+2 Родригу, 14' Серхио Рамос, 45', 81' Карим Бензема

Табела: ПСЖ 12, Реал Мадрид 7, Бриж 2, Галатасарај 1

Група Б

Баерн ја оствари потребната победа совладувајќи го грчкиот шампион и обезбеди место во нокаут-фазата. Отпорот на Грците беше скршен дури во последните дваесетина минути.

Тотенхем многу полесно од очекувањата излезе на крај со Звезда на „Маракана“ во Белград уривајќи ги надежите на српскиот шампион за сензација.

Баерн - Олимпијакос 2:0
69' Роберт Левандовски, 89' Иван Перишиќ

Црвена звезда - Тотенхем 0:4
34' Џовани Ло Селсо, 57', 61' Сон Хјон-мин, 85' Кристијан Ериксен

Табела: Баерн 12, Тотенхем 7, Црвена звезда 3, Олимпијакос 1

Група Ц

Дебитантот во Лигата на шампионите, екипата на Аталанта го освои првиот историски бод и тоа против англискиот шампион. „Граѓаните“ рано поведоа, потоа на две минути пред паузата Габриел Жезус промаши пенал, а кратко во вториот дел „Деа“ израмни. Сити уште на полувремето мораше да го замени голманот Едерсон поради повреда, но потоа резервата Клаудио Браво заработи црвен картон во 81-вата минута, па помеѓу стативите застана дефанзивецот Кајл Вокер кој сепак не ѝ дозволи на Аталната да постигне победнички гол.

Интересно беше и во Загреб каде Динамо во судиското надополнување прими два гола и испушти значајна победа. Со два гола во последните минути Хрватите дојдоа до водство од 3:1, од кои третиот го постигна нашиот репрезентативец Адеми, но потоа Украинците успеаја да ја анулираат предноста.

Аталанта - Манчестер Сити 1:1
49' Марио Пашалиќ - 7' Рахим Стерлинг
Црвен картон: 81' Клаудио Браво (МС)

Динамо - Шахтар 3:3
25' Бруно Пењтковиќ, 83' Лука Иванушец, 89' Аријан Адеми - 13' Алан Патрик, 90'+3 Жуниор Мураис, 90'+8 Тете
Црвен картон: 74' Никола Моро (Д), 79' Марлус (Ш)

Табела: Манчестер Сити 10, Шахтар 5, Динамо 5, Аталанта 1

Група Д

Јувентус повторно се изваде со московски Локомотив, овој пат со победнички гол постигнат во надополнувањето. Доволно за „Старата дама“ да обезбеди место во наредната фаза.

Баер ја забележа првата победа и тоа совладувајќи го мадридски Атлетико.

Локомотив - Јувентус 1:2
12' Алексеј Миранчук - 4' Арон Ремзи, 90'+3 Доуглас Коста

Баер Леверкузен - Атлетико 2:1
41' (аг) Томас, 55' Кевил Фоланд - 90'+4 Алваро Мората
Црвен картон: 84' Надием Амири (БЛ)

Табела: Јувентус 10, Атлетико 7, Локомотив 3, Баер Леверкузен 3

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе