Левица со декларација за солидарност со палестинскиот народ: Претседателот да го отповика македонскиот амбасадор во ООН

Пратениците на Левица до претседателот на Собранието поднесоа предлог декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација.

Во декларацијата составена од девет точки, која се темели на неколку меѓународни акти и резолуции на Обединетите нации, меѓу другото, се бара осуда на воените злосторства врз палестинските цивили извршени од страна на безбедносните сили на Израел и осуда на политиките на апартхејд имплементирани врз палестинскиот народ.

Се бара од Владата на РМ да ја признае независната држава Палестина и да воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади, а од претседателот на Републиката се бара веднаш да го отповика македонскиот амбасадор во ООН, кој, како што велат, гласаше воздржано за Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за заштита на палестинските цивили, како и вклучување на припадници на АРМ во мировните мисии на ООН за давање хуманитарна помош на Појасот Газа.

„Со оваа декларација, пратениците на Левица, му предлагаат на Собранието на РМ, како уставен носител на законодавната власт и средиште на парламентарниот плурализам, да го изрази својот политички став за неприфатливите, нечовечки и стравотни сцени на масакри и колективна траума, кои секојдневно доаѓаат од разурнатата Газа, осудувајќи ја илегалната израелска окупација на палестинските територии.

Сметаме дека нормативниот текст на декларацијата во склад со традицијата на југословенската дипломатија и тој е прифатлив за сите политички чинители застапени во македонскиот парламент, а ова особено во духот на интернационализмот и меѓународната солидарност“, истакнуваат од Левица.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе