Левица до Собранието поднесе декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии

Двајцата пратеници на Левица денеска до Собранието поднесоа Декларација за осуда на бугарските национал-шовинстички претензии.

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев објасни дека Декларацијата содржи 10 точки и дека се очекува таа да биде на дневен ред на 20. седница на Собранието, што би се одржала на почетокот на ноември. За оваа Декларација во следните денови ќе разговараат со пратеничките групи во Собранието.

Декларацијата предвидува Собранието да го отфрли бугарскиот т.н. објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Македонија во контекст на проширувањето на ЕУ и процесот на асоцијација и стабилизација упатен од страна на официјална Софија до земјите членки на ЕУ.

Исто така, Декларацијата предвидува дека македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се апсолутно суверено нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ кое не може и не смее да биде дел од никаква странска билатерална агенда или, пак, мултилатерална преговарачка рамка за членство во кој било меѓународен сојуз или организација.

Со третата точка од Декларацијата се бара од Владата, од премиерот, неговите заменици и министерот за надворешни работи „да бидат поагилни, подржавнички, пожестоки во нивните дипломатски напори за одбрана од намерните иредентистички напади и провокации кои  доаѓаат од страна на (нео)врховистичките, михаиловистичките и великобугарските центри на нашиот источен сосед“.

URL

Од претседателот на државата во Декларацијата се бара да биде поактивен во одбрана на македонските национални интереси на меѓународно ниво, од македонската страна да биде отворено прашањето за правата и статусот за непризнаеното македонско национално малцинство во Бугарија, а се истакнува и, како што се наведува, „суштинската потреба од носење на стратегиска македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат државните црвени линии“.

Со Декларацијата се бара итно запирање со работа на заедничката Меѓувладина експертска комисија формирана со Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија, се повикуваат сите релевантни академски и научно-образовни институции, медиумите и невладините организации во борба против негирањето и злоупотребата и искривоколчувањето на минатото со цел, како што се наведува, ширење на непотребни тензии, непријателска пропаганда и ксенофобија од позиција на моќ.

Доколку биде донесена оваа декларација, како што наведе Апасиев, би се побарало таа да биде доставена до ОН, Советот на Европа, ЕУ, ОБСЕ/ОДИХР, Европскиот парламент, до земјите членки на ЕУ итн.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали треба да продолжат разговорите или што треба да се направи понатаму во однос на спорот за Гоце Делчев, Апасиев смета дека заедничката Комисија, како што е наведено во декларацијата, треба да престане да постои. Според него, се ова што се случува во однос на тие разговори и вклучувајќи го и прашањето со Гоце Делчев и други прашања покренати од Бугарија и од Грција е одраз на нашата погрешна надворешна политика во последните четири години. Според него, сега и ние треба да почнеме исто така да ги покренуваме прашањата за правата на Македонците во овие две земји.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе