Летечките автомобили наскоро стануваат реалност

Летечките автомобили не се далечна иднина и фантазија од футуристичките филмови, туку наскоро ќе станат реалност. Доказ за тоа е пробниот лет на авто-дрон на јапонската компанија NEC, станува збор за голем, автономен дрон дизајниран да врши испорака.

Пробниот тест беше до три метри висина и се одржа во голем кафез како дел од мерка за безбедност во фабриката на  јапонската NEC. Зад летечките автомобили стои јапонската влада, со цел до 2030 година луѓето да се возат во летечки автомобили, пишува CBC.