Авто новости

Лесна мета: Во модерните автомобили без клуч се провалува за 10 секунди

9. август 2019 - 9:33 | А.С.

Некои од најновите и најпопуларните автомобили во Велика Британија се под голем ризик да станат лесна мета на кражба поради слабости на системите за отворање на возилото без клуч, предупредуваат експерти за безбедност за списанието What Car.

Имено, овие системи им дозволуваат на возачите да ја отворат вратата и да ги вклучат автомобилите без да треба да го извадат клучот од џеб. Тестирани беа седум различни модели на автомобили опремени со овие системи.

Експертите за само 10 секунди успеаја да провалат во DS 3 Crossback и во Audi TT RS, а за Land Rover Discovery Sport TD4 180 HSE им требаа 30 секунди.

Volkswagen Group, матичната компанија на Audi, соопшти дека ги вклучила полицијата и безбедносни експерти во нејзините напори за подобрување на безбедносните мерки за автомобилите.