Lenovo се откажа од гејмерските телефони

Поради слабата продажба, компанијата Lenovo потврди дека ја прекинува својата линија на паметни телефони наменети за гејмерите.

Се чинеше дека сегментот гејмерски телефони добро функционира во последните неколку години, но тоа не е случај за секоја компанија што ги произведува. Lenovo е еден од поистакнатите играчи во овој сегмент, но судејќи според она што го кажа портпаролот на компанијата, изгледа дека компанијата ќе се откаже од серијата гејмерски телефони.

AndroidAuthority контактираше со Lenovo по гласините за прекин на линијата паметни телефони Lenovo Legion, а одговорот што го добија беше, за жал, потврден. Портпаролот на компанијата изјави дека Lenovo повеќе нема да инвестира во своите гејмерски телефони бидејќи компанијата е во процес на деловна трансформација и консолидација на своето гејмерско портфолио.

Портпаролот понатаму наведува дека оваа вест не значи дека Lenovo целосно се откажува од гејминг сегментот, укажувајќи на историјата на компанијата во унапредување на категоријата гејминг на различни уреди. Сепак, компанијата сега ги фокусира своите напори на она што може да донесе најголема вредност за сите играчи.

Последниот гејмерски смартфон што го објави Lenovo беше Lenovo Legion Y70 во 2022 година. Беше достапен само во Азија и Европа, но не се продаваше добро. Зборовите на портпаролот може грубо да се преведат дека Lenovo повеќе не гледа профит во овој сегмент и не смета дека е практично да се инвестираат дополнителни ресурси.

И покрај фактот што Lenovo ги напушта гејмерските телефони, една компанија сепак го одржува овој сегмент во живот и го носи најголемиот дел од товарот на својот грб - Asus! Asus е добро познат по својот неверојатен хардвер ориентиран кон игри, а неговите ROG телефони не се ништо помалку. Asus ROG Phone 6 Pro, кој беше претставен минатиот јули, беше вистински ѕвер, а неговиот наследник - Asus ROG Phone 7 треба да биде претставен веќе следниот месец.

URL
Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Гејминг

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Read more

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Read more

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Read more

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе